Утрински Весник
Скопје

Герасимовски: Финансиска поддршка за квалитетни проекти и активности, јавен повик за граѓанските организации

F.jpeg

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, упати повик до сите зруженија и фондации кои дејствуваат на територијата на Општина Центар да се пријават за финансиска поддршка за 2026 година.

Средствата се наменети за поддршка на локалната заедница, со фокус на развојот на микро-бизнисите, програмите и проектите за млади, социјалните услуги, родовата еднаквост, заштитата на животната средина и образованието за возрасни.

Герасимовски посочи дека невладините организации се докажани партнери на општината, промотори на позитивни вредности и нови идеи.

„Ги повикувам сите здруженија и фондации што имаат добра идеја и квалитетен проект да се пријават на јавниот повик и да ја искористат можноста за финансиска поддршка”, порача градоначалникот Герасимовски.

Рокот за поднесување пријави и документација е 10 дена од денот на објавувањето на веб-страницата на Општина Центар.

Пријавите може да се достават преку пошта на адресата Општина Центар – Скопје, улица „Михаил Цоков” бр. 1, или во Архивата на Општина Центар (барака 6) од 9 до 15 часот.
Повеќе информации за јавниот повик на: Јавни повици | Општина Центар

Можете да прочитате

Герасимовски: Живите статуи повторно во Центар, десет години „Статуафест – Другото лице на улицата”

Камери на над 200 локации во Скопје – Ѓорѓиевски најави и парични награди за тие што ќе пријават вандализам

Ѓорѓиевски: Проектот кај „Лимак“ ќе го реши сообраќајниот метеж во Скопје за наредните 100 години