Утрински Весник
Македонија

Започнува вистинско лето: Следната недела температурите ќе се искачат до 40 степени

Toplo Vreme.jpg

Времето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Попладне ќе има услови за ретка појава на локален пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19, а максималната ќе достигне од 28 до 36 степени.

Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 34 степени.

Во следните денови ќе се задржи сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност, а во попладневните часови ќе има изолирана појава на пороен дожд и грмежи.

Од почетокот на следната работна седмица дневната температура насекаде ќе биде над 30 степени, а наместа во југоисточните делови и околу 40 степени, извести УХМР.

Можете да прочитате

Петров: Оваа недела го доставуваме планот до СДСМ, сулудо е да се чека

Петров: Ние не сме се гледале со Мицкоски, ама Филипче интензивно се гледаше со него

Петров: Ако Филипче се повлече, ќе му помогне на СДСМ