Утрински Весник
Македонија

Двајца Холанѓани повредени во несреќи: Едниот удрил во камен во Охридско Езеро, другиот паднал од мотоцикл

Policija 1.jpg

Едно лице денеска се повредило откако удрило во камен во Охридското Езеро. Дојавата е добиена околу 12 часот преку единствениот повикувачки број за итни повици 112, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Повреденото лице е странски државјанин од Холандија, кој со кајче бил пренесен до пристаништето на хотелот „Александрија“ во Охрид.

За итниот случај, од ЦУК веднаш ја известиле Итна медицинска помош, која го презела повредениот и бил пренесен во болница во Охрид.

– РЦУК – Охрид известува дека повреденото лице од Холандија кое удри во камен во Охридско Езеро е преземено од Итна медицинска помош е надвор од животна опасност и е пренесено во Општа болница во Охрид, на одделот за хирургија, се вели во соопштението од ЦУК.

Вчера во 12.30 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека на локален пат за гостиварски Врбен, во близина на Национален парк „Маврово“, 57-годишниот В.О. од Кралството Холандија, управувајќи мотоцикл „ктм“, изгубил контрола и паднал на коловозот, извести МВР.

– Во несреќата, мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Медицински центар во Гостивар – соопшти МВР.

Увид на местото извршила екипа од ОВР Гостивар.

Можете да прочитате

Митева: Нема предвремени избори, а СДСМ нека се подготви за нов дебакл

Митева: Младите не си заминуваат поради плати, туку поради нефункционален систем

Митева ги откри деталите за концертот на David Guetta во Скопје – билетите ќе чинат само 35 денари