Утрински Весник
Скопје

Заменик-градоначалникот на Скопје, Александар Трајановски поднесе оставка

Trajanovski 2.jpg

Како човек кој осум години е дел од СОветот на Град Скопје, ми беше чест да прифатам да бидам заменик-градоначалник на Град Скопје. Оваа функција без никакви привилегии ја прифатив исклучиво да се обидам да придонесам за подобрување, развој, модернизација на Градот, јавните претпријатија, нивните услуги за граѓаните и начинот на функционирање“, рече Трајановски образложувајќи ја својата одлука.

Тој рече дека градоначалничката Арсовска се грижи единствено за „кланот од Сарај“, кој под нејзино водство владее со Скопје. Трајановски смета дека градоначалничката се грижи само за Сарај, а сите директори на јавни претпријатија доаѓаат токму од оваа општина: „од кал да е – директор од Сарај да е“, рече тој, пред денешната седница во Советот на град Скопје.


– Да ми кажеше некој тогаш, дека сѐ ова што го правам за да со Град Скопје и јавните претпријатија владее екипа од Сарај и ДУИ, уште тогаш ќе одбиев – рече Тајановски.

Можете да прочитате

Арсовска: Апелирам, Јавното обвинителство да не биде политички промотор на власта и да не биде инструментализирано како ПР на ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН

Скопје од 26 до 29 јуни ќе биде домаќин на Европското првенство во џудо за кадети

Водовод – Скопје најави стратешка и технички сложена интервенција за унапредување на водоснабдителниот систем