Утрински Весник
Македонија

Нова кривична пријава против Рамиз Мерко

Merko 3 2.jpg

ОВР Струга поднесе кривична пријава против Р.М.(69), А.Б.(40), двајцата од Струга како и против Н.Р.(57) од струшкото село Поум поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата”.

Пријавениот Р.М., поранешен градоначалник на општина Струга, за време на мандатот ја искористил својата службена положба и овластување на тој начин што со пропуштање на должен надзор постапил спротивно на Законот за градење и противправно потпишал одобрение за градење на катастарска парцела во струшкото село  Мислешево.


Второ и третопријавениот, од позиција на советник во Секторот за урбанизам, комунални дејности, сообраќај и заштита на животна средина и помошник раководител на истиот сектор, претходно незаконски го изготвиле одобрението и врз основа на некомплетна документација, без приложен идеен проект, одобрението било издадено спротивно на Законот за градење.

Можете да прочитате

По маратонот, Пакомак и средношколците ги исчистија улиците од пластични шишиња 

КЛУЧ ОД МОТОР ПОВРЗАН СО УБИСТВО ПРОНАЈДЕН КАЈ 33-ГОДИШНИК: Во домот имал бомба, два пиштоли и 240 куршуми

Охрид по 11 години ќе го добие затворениот базен, обезбедени 470 милиони денари за довршување