Утрински Весник
Скопје

Меџити: Секоја улица е важна, секое маало заслужува инвестиции

Img 7406.jpeg

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, денес беше на терен, каде одблиску ги проследи инфраструктурните работи што се реализираат во неколку делови од општината. На улицата „Емин Дураку” продолжува реконструкцијата, додека активности се реализираат и на улиците „Дервиш Хима” и „Парашќеви Ќиријази”.

На овие улици се врши асфалтирање, уредување на тротоарите со бекатон-плочки, како и уредување на влезовите на станбените објекти. Паралелно, во истите населби се инвестира и во простори за децата, преку уредување и поставување нови детски игралишта.


„Секоја улица во Чаир е важна и секое маало заслужува подобри услови. Затоа инвестираме насекаде. Добро уредено маало не значи само уредени улици, туку и тротоари, простори за децата и подобри услови за секојдневниот живот. Чаир денес е едно големо градилиште и бараме разбирање од граѓаните, бидејќи се работи и се инвестира за нашата општина, за нашите маала и за иднината”, изјави Меџити.

Инфраструктурните активности ќе продолжат во различни делови на Чаир, со инвестиции насочени кон подобрување на инфраструктурата и условите за живот во секое маало.

Можете да прочитате

Во понеделник Општина Центар ќе врши вонредна дератизација

Викендов авионско прскање против комарци во Скопје

Герасимовски: Уште едно ветување, исполнето – Центар прва во државата со дигитален увид во бучавата