Утрински Весник
Македонија

Заев: Непочитувањето на Уставот и законите носи децениско непријателство со соседите, со ЕУ, САД и ООН

Img 8117.jpeg

„Претседателот на Северна Македонија, пратениците, премиерот на Владата, министрите и сите носители на функции се должни и мора да бидат пример за почитување на Уставот, меѓународните договори и законите на државата што ја водат. Непочитувањето носи одговорност но и сериозни последици за државата кои веднаш ќе ги почувствуваат граѓаните. Одговорноста не е само политичка, туку и правна. А последиците се децениско непријателство со соседните земји, со Европската унија, со САД и ОН. Сето ова ќе има далекусежни последици за секојдневниот живот и севкупниот стандард на македонците и другите етнички заедници во Северна Македонија,“ изјави за ТВ 24, поранешниот премиер и претседател на СДСМ, Зоран Заев.

Тој упати апел до нив, да излезат од партиската наметка и што поскоро сфатат дека сега сносат одговорност за државата и граѓаните.

„Владата ги почитува Уставот, меѓународните договори и закони како пример за целиот народ и тоа целосно ги почитува, или како влада презема чекори за нивно поништување или менување,“вели Заев.

Тој посочува дека Мицковски и претседателката Силјановска Давкова многупати повториле дека немаат намера да го поништат Договорот од Преспа, иако не се согласуваат со него.

„Затоа како носители на највисоките државни функции треба да го почитуваат Уставот, меѓународниот преспански договор и законите. Тие треба да гледаат напред кон иднината на Северна Македонија и македонскиот народ,“ вели Заев.

Можете да прочитате

И амбасадорот во Романија, Жерновски, повикан на консултации во МНР

На Табановце за влез во државата се чека околу еден час

Полицијата веднаш го пронајде – Виктор е најден во Кирамидница