Утрински Весник
Свет

НАТО спроведува голема воздушна воена вежба во Романија

Nato Vo Ska.jpg

Голема вежба на НАТО во која учествуваат воздушни трупи, денеска во Романија влезе во главната фаза со падобранци кои се спуштија јужно од градот Клуж-Напока.

Како што пренесе ДПА трупите во вежбата имаат задача да го ослободат воениот аеродром во Кампија Турзи, кој е заземен од непријателските сили. Околу 1.500 војници треба да слетаат околу аеродромот.

Вежбата „Брз одговор“ е дел од серијата маневри под името „Непоколеблив бранител“ што НАТО ги почна како реакција на променетата безбедносна ситуација во Европа, како резултат на инвазијата на Русија врз Украина пред повеќе од две години.

„Брз одговор“, која е наменета за брзо распоредување на ефективни сили, ја води германската Дивизија за брзи сили (ДСК). НАТО вежбата ја опиша како најголема воздушна операција во Европа од Втората светска војна. 

Можете да прочитате

Макрон им посака добредојде на светските лидери кои присуствуваат на отворањето на ОИ

Канада, Австралија и Нов Зеланд бараат од Израел веднаш да ги прекине операциите во Газа

Meta затвори 63.000 профили на Instagram поврзани со измама и уцена