Утрински Весник
Македонија

Богдановиќ: Во СДСМ ме критикуваа затоа што го поддржав повикот на Црвенковски за дебата за францускиот предлог

Img 8984.jpeg

Македонија треба да стане членка на Европската Унија со гаранции за зачувување на идентитетот на македонскиот народ, порача Саша Богдановиќ во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ. Претставувајќи ги ставовите на новоформираната Српска демократска лига (СДЛ), тој се заложи и за постепено приклучување кон Унијата.

„Македонија ја гледаме како дел од Европската Унија, но не по цена да бидеме обезличени, односно најголемата етничка заедница, Македонците, да биде обезличена“, рече Богдановиќ.


Тој нагласи дека СДЛ се залага за почитување на Уставот и заштита на правата на сите етнички заедници.

Богдановиќ откри дека како член на СДСМ и градоначалник на Центар ја поддржал иницијативата на поранешниот претседател Бранко Црвенковски за отворање дискусија во партијата за францускиот предлог. Поради таа поддршка, како што рече, бил јавно критикуван.

Богдановиќ очекува конститутивната седница на Централниот одбор на СДЛ да се одржи на 5 декември. Потоа, според најавата, ќе се формираат повеќе од 20 општински организации, како и комисии и сектори. Партијата планира до 15 февруари да има подготвена програма, кадровски решенија и функционална организациска структура.

Запрашан дали повторно би се кандидирал за градоначалник на Центар, Богдановиќ одговори дека е рано да се зборува за кандидатура и дека во моментов приоритет му е градењето на партиската структура.

Можете да прочитате

Богдановиќ за формирањето на СДЛ: Не најдовме разбирање за прашањата на српската заедница

Богдановиќ: СДСМ веќе не е СДСМ – го обвини раководството за србофобија

Клековски најави самостојна Итна помош во Скопје, централен диспечер и нови возила