Утрински Весник
Балкан

За германскиот амбасадор Роде апсењето на косовски полицајци во Србија е неприфатливо од земја кандидат за влез во ЕУ

Picture 845 660x437 1.jpg
300x250 (7)

Амбасадорот на Германија во Косово, Јорн Роде, по апсењето на петтемина косовски полицајци од страна на српските власти, изјави дека деескалацијата меѓу Косово и Србија треба да се случи веднаш и додаде дека дејствието на официјален Белград е неприфатлива и не е нешто што може да се очекува од земја кандидат за членство во Европската Унија, јави дописникот на МИА од Приштина. Роде на својата страница на платформата „Х“ порача дека тоа треба веднаш да заврши и дека очекува српските политичари од Косово исто така да го кренат гласот за своите сограѓани.„Деескалација веднаш! Притворањето на косовските службеници за спроведување на законот, вклучително и косовски Срби, од страна на српските власти е неприфатливо и секако не е нешто што може да се очекува од земја кандидат за членство во ЕУ. Ова мора веднаш да заврши и очекуваме српските политичари од Косово да го кренат гласот за своите сограѓани“, напиша Роде. Косовското Министерство за внатрешни работи синоќа соопшти дека заменик директорот на косовската полиција и уште четворица полициски службеници се приведени од српските власти. МВР информира дека заменик-директорот на косовската полиција од српска националност, Дејан Јанковиќ, „од утрово е задржан во притвор без никакво објаснување“. Јанковиќ, кој потекнува од општина Штрпце, бил запрен на граничниот премин со Србија, Јариње, на северот на Косово и испратен на распит во југозападниот српски град Рашка. Во меѓувреме, официјален Белград, како и властите во Приштина објавија дека четворица од приведените косовски полициски службеници се ослободени, додека еден е задржан. Косовскиот министер за внатрешни работи, Џељаљ Свечља изјави дека заменик-директорот на полицијата, Јанковиќ е во притвор и е обвинет за „нарушување на уставниот поредок“ на Србија.

Ss1

Можете да прочитате

Вучиќ во обиколка на подготвителните работи за изградба на комплексот Експо 27: Националниот стадион ќе биде еден од трите најубави во Европа

Судири во Истанбул меѓу полицијата и демонстрантите кои го одбележуваат Меѓународниот ден на трудот

Повеќе од 40 приведени во операција против „Исламска држава“ во Турција