Утрински Весник
Свет

Две девојчиња повредени во напад со нож пред училиште во Франција

31d3a3c6 E422 4d8e 83e5 72befd9dc007.jpg
Ss2

Две девојчиња на возраст од 6 и 11 години се повредени денеска во напад со нож во близина на нивното училиште во источниот француски град Суфелверсхајм, јавија француските медиуми. Според жандармеријата, 11-годишното девојче било рането со нож пред училиштето, а другото на блискиот плоштад.  Двете имале „површни повреди“ и итно биле примени на педијатрија. Според истиот извор, напаѓачот бил уапсен околу 14.15 часот на плоштадот. Веќе го немал ножот в рака и дозволил да биде фатен.  Жандармеријата прецизираше дека тој „не им бил познат на службите“ и дека неговите мотиви „се чини дека не се поврзани со радикализам“. 

Ss1

Можете да прочитате

Непознати лица се обиделе да запалат синагога во Варшава

Американскиот Сенат едногласно усвои закон со кој се забранува увоз на руски ураниум

Блинкен со Херцог: Време е да се прекине огнот и да се ослободат заложниците