Утрински Весник
Македонија

Милановиќ: Во тек се разговори за формирање ново парламентарно мнозинство

Picture 852 660x500 1.jpg

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ денеска првпат се огласи по вчерашните парламентарни избори и на граѓаните им порача дека се во тек разговори за формирање ново парламентарно мнозинство и секој што, како што кажа, ќе учествува во тие разговори мора да поведат сметка за волјата на хрватскиот народ изразена на изборите.

Милановиќ изјави дека мандатот за состав на нова влада може да го добие само тој што ќе докаже дека ја ужива поддршката од 76 пратеници избрани во хрватскиот Сабор.

Тој, на својот профил на Фејсбук, напиша дека до крај ќе ги почитува словото и духот на хрватскиот Устав.

„Партиите кои цврсто застанаа на страната на борбата против корупцијата, кои не сакаат Хрватска заробена во корупција, криминал и нееднаквост пред законот, добија две третини од вашите гласови.

Вашите гласови се обврзувачки.

Имате право да очекувате и барате од нив – како и од сите нас кои сте ги избрале – да се држиме до вашиот збор, без тоа, ние престануваме да бидеме демократско општество, а политиката е сведена на трговија и грижа само за сопствените интереси“ порача Милановиќ.

Хрватскиот претседател, кој со поддршката од СДП учествуваше во изборната кампања, претендирајќи на премиерската функција во новата влада, му се заблагодари на целиот хрватски народ кој вчера излезе на гласање.

Тој објасни дека за изборен ден ја избрал среда, 17 април, бидејќи, како што вели, сакал да ги охрабри сите да излезат на гласање во што поголем број, бидејќи, како што вели, верувал и верува дека одлуката за иднината на Татковината „мора да ја донесете сите вие“.

„Големиот одѕив потврди дека хрватскиот народ ја сака својата земја, дека верува во неа и дека сака промени“, напиша Милановиќ.

Можете да прочитате

Бендевска: Преговорите меѓу ЗНАМ и ВМРО ДПМНЕ се во финална фаза

Паника во летот од Цирих кон Скопје принудно вратен назад во авионот удрил гром

Петровска: ВМРО-ДПМНЕ е против „Северна Македонија“ а го избриша „Република Македонија“ од својот Статут