Утрински Весник
Македонија

Од утре повторно температури над просекот и повремен дожд

Esen.jpg

УХМР најавува дека следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд со променлив интензитет.

Од утре, под влијание на јужно воздушно струење, температурите ќе бидат во постепен пораст и повторно над просекот за овој период од годината. Ќе дува умерен до засилен, а од среда повремено силен ветер од јужен правец (над 60 km/h), особено во западните делови.


Утре попладне и кон крајот на денот насекаде ќе има повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималните температури ќе се движат од 4 до 10 степени, а максималните дневни од 8 до 16 степени. Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремени сончеви периоди, попладне и кон крајот на денотсо врнежи од дожд. Ќе дува и слаб до умерен ветер од јужен правец. Температурата ќе биде од 6 до 14 степени.

Во вторник температурата во земјава ќе достигне 20 степени, во среда 21, а во четврток 23 степени.

Можете да прочитате

Манасиевски: Филипче и СДС да кажат дали Мацура бил криминалец со сомнителен капитал кога со ДУИ овозможиле влез на Алта банка во Македонија

Борозан: ВМРО и Мицкоски ги бранат Алта банка, Вучиќ и Мацура – шефот и банкарот на ОКГ

Претседателот на ТХП, Енес Ибрахим во Анкара на основачкиот конгрес на Yeni Parti