Утрински Весник
Свет

Вучиќ: Српското МВР ќе донесе одлука за Еуропрајд

Вучиќ: Српското МВР ќе донесе одлука за Еуропрајд

Во согласност со Уставот на Србија, во согласност со законите, Министерството за внатрешни работи на Србија ќе донесе одлука за евентуално забрана на собири на отворени простори, вели српскиот претседател Александар Вучиќ, говорејќи за прошетката за време на неделата на Еуропрајдот.

dobivaj vesti na viber

Како што наведе, таа одлука ќе биде донесена 96 часа пред средбата. Тој вели и дека по него организаторите имаат право на жалба до МВР и спорот го водат пред Управниот суд.

Како што наведе, „ситуацијата е тешка бидејќи не сакаме конфликти, може да дојде до немири, а тоа значи поголема употреба на сила, а ние тоа не го сакаме“.

„Тие луѓе можат да се соберат на разни собири и конференции, да пеат и да играат, но МУП за се друго навреме ќе ги информира нив и граѓаните на Србија“, рече претседателот на Србија.

Можете да прочитате

Владата на Мелони го собори рекордот за најдолговечна италијанска влада по Втората светска војна

Русија соопшти дека погодила два брода во Црното Море кои превезувале оружје за Украина

Путин: Русија има доволно војници и нема потреба од нова мобилизација