Утрински Весник
Свет

Руски бомбардери повторно во близина на Тајван, по втор пат за три дена

Mig 31 fighter 1024x576 1.jpg

Министерството за одбрана на Тајван соопшти дека два руски воени авиони Ту-95 летале источно од островот откако му се приближиле од југ, што е втора таква руска активност пријавена за една недела, објави Ројтерс .

Летовите се реализираа додека рускиот претседател Владимир Путин е во кинескиот град Шенжен за самитот на АПЕК, каде што е предвидено да одржи трилатерален состанок со кинескиот претседател Си Џинпинг и американскиот претседател Доналд Трамп.


Министерството соопшти дека двата авиони Ту-95, означени од НАТО како „Мечка“, влегле во Зоната за идентификација на воздушната одбрана (ADIZ) на Тајван. Потоа го продолжиле летот кон североисток и го напуштиле воздушниот простор во близина на пристанишниот град Килунг.

Тајван пријави слична активност во вторник , кога два руски воени авиони прелетаа на југ по должината на неговиот источен брег. Истата активност беше потврдена истиот ден од Јапонија, која објави мапа со траекторијата на летот. Руското Министерство за одбрана сè уште не коментираше за овој случај.

Кинеската војска спроведува речиси секојдневни операции во близина на Тајван. Кина го смета островот за дел од својата територија, став што Русија редовно го поддржува. Владата во Тајпеј ги отфрла тврдењата на Пекинг за суверенитет и инсистира дека иднината на островот може да ја одлучи само тајванскиот народ.

Можете да прочитате

Иран објави дека три танкери наишле на мини и се запалиле

Трамп, Путин и Шjи Џинпинг се ракуваа во Кина, утре историска средба

Две лица повредени во земјотрес во Романија, најсилен од 2018 година