Утрински Весник
Култура

Изложба 10 години ЈАДРО

Изложба 10 години ЈАДРО

ЈАДРО – асоцијација на независната културна сцена го слави својот 10 годишен јубилеј со колективна изложба: „10 години ЈАДРО- сè уште оправдано присутни“!

dobivaj vesti na viber

ЈАДРО  е непрофитна, инклузивна, партиципативна и застапувачка платформа која се стреми да го зајакне независниот културен сектор и неговото влијание врз креирањето и практикувањето на културните политики, со цел да ги поттикне процесите на демократицација во културата и пошироко, во општеството и граѓанскиот сектор.

Веќе една деценија, платформата здружува организации, поединци и неформални групи, кои континуирано обезбедуваат видливост и општествена релевантност на независниот културен сектор преку застапеност на програмски активности, застапување за стабилен развој на секторот, јакнење на неговото влијание во општествениот контекст и развој на алтернативни културни практики на национално, локално и регионално рамниште.

Затоа оваа изложба, овој 10 годишен јубилеј, ја слави работата на членките кои дејствуваат во различни културни сектори и заеднички се застапуваат за слободно, одговорно и критичко промислување во јавната сфера.

Изложбата „10 години ЈАДРО- сè уште оправдано присутни“ е колаж кој ja обединува и претставува дејноста на културните работници здружени во ЈАДРО кои секојдневно имплементираат современи културни практики и будно, јасно и смело се обидуваат да укажат на нужноста од критичко промислување на социо-културниот контекст и на нужноста за демонополизација на културата и уметноста.

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“