Утрински Весник
Македонија

Кривична за девет полицијаци за случајот со Росица

Rosica max 1199 756.jpg

Четиринаесет месеци откако беше убиена заедно со својот татко во Велес, Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција поднесе обвинение против девет полициски службеници поради непостапување по нејзините пријави.

Обвинението се однесува на злоупотреба на службената положба и овластување и неизвршување судска одлука. Според обвинителството, полицајците не постапувале соодветно по пријавите за семејно насилство и не ги спроведувале итните мерки за заштита, иако постоеле судски одлуки.


Дел од обвинетите, според соопштението, не го известиле надлежниот обвинител, а прибраните докази ги чувале во полициските простории без да поведат постапка. Обвинителството оценува дека со службеното непостапување биле повредени правата на Росица, вклучително и правото на живот.

Росица и нејзиниот татко беа убиени на 15 септември 2025 година од нејзиниот поранешен партнер, кој потоа си го одзеде животот. На убиството му претходеле повеќе пријави за насилство, закани и вознемирување. Внатрешната контрола на МВР утврдила пропусти кај 11 полициски службеници, за кои биле спроведени дисциплински постапки.

Можете да прочитате

17 дена пред „АЛТА банка“ Белград да ја загуби дозволата, Владата предложила измени за користење на парите за обештетување на штедачите

Вечерва во „Ноќно студио“: Една година од првото рочиште за „Пулс“ – на кои прашања семејствата сe уште бараат одговор?

Партнерската компанија на Агенција Рејтинг, Latenta, освои престижна меѓународна награда за истражување на пазарот