Утрински Весник
Балкан

Вучиќ објави: Милош Вучевиќ е мандатар за состав на новата Влада

Vucic.png
300x250 (7)

Претставник за состав на новата влада на Србија ќе биде Милош Вучевиќ од Српската напредна странка, најави претседателот Александар Вучиќ.

Вучиќ претходно денеска на Инстаграм објави дека се обидува од Синиша Мали и Милош Вучевиќ да дознае кој е кандидатот на Српската напредна странка за состав на новата влада.

300x250 (7)

– На Народното собрание на Република Србија му го предлагам Милош Вучевиќ за кандидат за премиер на Република Србија – напиша Вучиќ на Инстаграм.

Парламентарните избори се одржаа на 17 декември 2023 година, а коалицијата собрана околу Српската напредна партија освои 46,75 отсто од гласовите. Прогресивците на избори излегоа со списокот „Србија не смее да застане – Александар Вучиќ“.

Ss1

Можете да прочитате

Во Ниш акција за уништување на воздушна бомба, евакуирани 1.300 луѓе

Бугарија заплени хероин вреден 9 милиони евра сокриен во душеци за спиење

(Видео) Хаос во Белград – Масовна крвава тепачка меѓу Делии и Гробари