Утрински Весник
Македонија

Кривични за двајца тетовци, на 19-годишник бегајќи од полиција му испаднал пиштол, а другиот му дал возило да побегне

Policija.webp.webp

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Д.М.(19) с.Гајре, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „предизвикување општа опасност“ и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи“ и против Р.М.(59) од с.Гајре поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „помагање на сторител по извршено кривично дело“.

На 10.10.2025 во Тетово, првопријавениот со патничко возило не застанал на даден знак за запирање од полициски службеници, преминал на спротивната коловозна лента и набргу го оставил возилото и продолжил пеш. Притоа, му испаднал пиштол „Чешка Зброевка Взор 70“, калибар 7,65 мм со муниција. Откако отишол во автоперална на второпријавениот, тој му дал друго патничко возило „пежо“ да замине.


Можете да прочитате

Партнерската компанија на Агенција Рејтинг, Latenta, освои престижна меѓународна награда за истражување на пазарот

Јаневска: Оптимизацијата на училишната мрежа и едносменската настава се мерки за поквалитетно образование

За сума од над 800.000 денари измамил маж од Тетовско при купопродажба на патничко возило