Утрински Весник
Македонија

Вработените во образованието добија 2,5 пати помало покачување на платите од предвиденото

Skolo 4 780x470 1 2.png

Синдикатот за образование наука и култура успеа да се договори со Владата за вработените во основното и средното образование да добијат одредено зголемување на платите.

Од октомвриската плата, вработените во основното и средното образование ќе добијат покачување од 5 проценти или во просек по околу 1700 денари.

Ова покачување е далку помало од она што беше предвидено за оваа година, кога платите на вработените во образованието требаше да се зголемат за 12 проценти или во просек по околу 4000 денари.

Опсегот на платата за лицата кои работат во сферата на образованието, науката и истражувањето вообичаено се движи од 28.759 денари (минимална плата) до 54.477 денари (највисок просек, вистинската максимална плата е повисока).

Дел од вработените во основното и средното образование со кои контактираше 24инфо.мк се незадоволни од ваквото зголемување, а други пак велат подобро е нешто отколку нешто, имајќи предвид дека владата беше на цврст став дека годинава нема пари за покачување на платите на наставниците, професорите и на техничкиот и административен персонал во училиштата.

Можете да прочитате

Османи: Комунициравме со ВМРО-ДПМНЕ, очекуваме предвремени избори напролет

Чистејќи го имотот, запалил оган и предизвикал пожар

Алијанса за Албанците: Резултатите од ПИСА 2025 – црвен аларм за образованието