Утрински Весник
Балкан

Бугарија спаси 12 членови на екипажот од бродот што се преврте и потона во Црното Море

20261023115107 big 730x400 62.webp.webp

Бугарија ги спаси сите 12 членови на екипажот на товарен брод што се превртел во нејзината економска зона во Црното Море, додека превезувал три тони пченица од Романија кон Египет, соопшти денеска бугарското Министерство за транспорт.

Министерството наведе дека рано утрово примило повик за помош од брод што пловел под знамето на Сомалија и тонел на околу 40 наутички милји од ‘ртот Калиакра, пренесува Ројтерс.


Екипажот бил евакуиран со хеликоптер, а сите 12 членови се во добра состојба.

Причината за инцидентот засега не е позната.

Можете да прочитате

Студентите и средношколците во Хрватска најавија штрајк

Поранешен косовски министер уапсен во Приштина поради трговија со дрога

Бизнисмените во Црна Гора незадоволни од моделот за раст на платите: Планираат отпуштања и зголемување на цените