Утрински Весник
Македонија

Вработен во музичко училиште вознемирувал малолетничка од липковско

Policzija kumanovo.webp.webp

Шеесетгодишен вработен во музичко училиште во Куманово, вознемирувал девојче од липковско. Полицијата го приведе.

На 24.02.2026 во 14:55 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода С.А.(60) од Куманово. Тој се сомничи дека претходно во музичко училиште, каде што бил вработен, вознемирувал малолетничка од Липковско на тој начин што ја повикувал на средба со него.


Како што додаваат од полицијата, тој е задржан во полициска станица и по целосното документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можете да прочитате

Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите клучни за економскиот развој и подобрување на животниот стандард на граѓаните

Радовишанец им се заканувал на вработени во странска амбасада, упатен на психијатриско набљудување

17 лица лишени од слобода во изминатото деноноќие, возеле без дозвола и под дејство на алкохол