Утрински Весник
Свет

Хакери ја зголемија температурата на фрижидерите во над 70 продавници во Белгија, Луксембург и Шведска

Haker.webp.webp

Повеќе од 70 продавници и супермаркети во Белгија, Луксембург и Шведска синоќа биле мета на хакерски напад односно зголемена е температурата на фрижидерите и замрзнувачите, а храната е фрлена за да се избегнат безбедносни ризици, соопштија денеска претставниците на трговските синџири.

Системите за ладење биле нарушени во повеќе од 40 супермаркети „Делиз“ во Белгија и Луксембург, а слични проблеми пријавија и малопродажните синџири „Карфур“ и „Спар“ во околу дваесетина нивни супермаркети.


Извршен директор на ладилниците „Сабкобел“, Стефан Моланс наведе дека хакерите од далечина ги префрлиле испарувачите на системот во режим на одмрзнување, што предизвикало загревање на фрижидерите.

Ги мобилизиравме техничари во еден часот по полноќ за да ја ставиме ситуацијата под контрола. Работевме цела ноќ и до утрото за да ги исклучиме погодените инсталации од мрежата, истакна Моланс, додавајќи оти некои продавници морале да фрлаат производи.

И Шведска денеска соопшти дека била зголемена температурите во фрижидерите и замрзнувачите во продавниците. Неколку продавници на „Ици“ утрово објавија на социјалните мрежи дека нивните фрижидери и замрзнувачи биле хакирани, а артиклите биле униптени.

Во централна Шведска, шест продавници на „Коп“ исто така, пријавиле дека биле цел на хакери, кои ги покачиле температурите во нивните фрижидери и замрзнувачи.

Сличен инцидент се случи во Франција на 12 октомври, кога стотици продавници беа цел на хакери, кои ја покачиле температурата во замрзнувачи и фрижидери на 50 степени Целзиусови.

Канцеларијата на парискиот обвинител соопшти дека „голем“ кибернапад ги погодил мрежно поврзаните ладилници во неколку големи продавници за храна низ цела Франција. 

Можете да прочитате

Прин: Насилството на улиците покажува дека треба да се подобри интеграцијата на мигрантите во Германија

Пад на цените на нафтата по сигналите за можно дипломатско решавање на војната против Иран

Кремљ ги одби Американците: Враќање на испораките на гас за Европа преку Украина се невозможни