Утрински Весник
Македонија

Што се случува со „Алта банка“? Вечерва вонредно „Ноќно студио“ со Кирил Миноски

Screenshot 2026 11 02 165938.jpg

Што се случува со „Алта банка“, зошто Народната банка воведе привремени мерки и што значат последните случувања за граѓаните, штедачите и банкарскиот систем во Македонија?

Ова се дел од прашањата што ќе бидат отворени вечерва во вонредното издание на емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ, во кое гостин ќе биде поранешниот министер за финансии Кирил Миноски.


По одлуката за воведување привремена администрација во Алта банка АД Битола, ограничувањето на користењето средства преку платежните картички и привременото затворање на експозитурите, во јавноста се отворија бројни прашања за состојбата во банката и понатамошните чекори на надлежните институции.

Дали средствата на граѓаните се безбедни? Што значи привремената администрација? Какви последици може да имаат ограничувањата за клиентите и дали случувањата во Србија можат да се одразат врз банкарскиот сектор во Македонија?

Со Кирил Миноски ќе разговараме за причините за актуелната состојба, мерките на Народната банка, одговорноста на институциите и можните сценарија за надминување на ситуацијата.

Вечерва, во 20:00 часот во вонредно издание на „Ноќно студио“ на 4ТВ – анализа на една од најактуелните економски теми во Македонија.

Следете го „Ноќно студио“ на 4ТВ во 20:00 часот

Можете да прочитате

Национална кампања за превенција од семејно насилство врз децата и адолесцентите

Американците ги избраа осумте најдобри места на Балканот: Две се во Македонија

Клековски: Од проценка кон национален план за квалитет со јасни одговорности, мерливи резултати и реални рокови