Утрински Весник
Економија

Мицкоски: Ја продлабочуваме економската соработка со Германија, целта е повеќе инвестиции и повисок БДП

Image 2026 11 02 190320251.png

Изјава на премиерот Христијан Мицкоски од Диселдорф

„Денеска во Бон имавме навистина успешна и, би рекол, прилично динамична агенда. Денот го започнавме со состаноци во рамките на компанијата Германски Телеком, којашто е присутна и кај нас, на македонскиот пазар, неколку децении.


Она коешто денеска го разговаравме со главниот директор на Дојче Телеком се нивните потенцијални дополнителни инвестиции во Македонија, на македонскиот телекомуникациски пазар, но тука не се ограничивме.

Зборувавме и за потенцијални инвестиции на Германскиот Телеком во други области како што се здравството, паметната технологија и друг тип на индустрии коишто ќе донесат голема додадена вредност за македонската економија и на тој начин ќе го зголемат присуството на Германскиот Телеком во Македонија, но и во регионот.

Понатаму, во текот на денот направивме состаноци со Германската стопанска комора и нејзини претставници во рамките на нашата посета во Бон.

Беа присутни голем дел од фирмите коишто имаат свои инвестиции во Македонија, но и оние фирми коишто имаат своја амбиција да инвестираат во Македонија.

Разговаравме за досегашните нивни искуства, како да ги направиме нивните инвестиции поуспешни, но истовремено зборувавме и за зголемување на нивните инвестиции, капацитети, со што исто така би се зголемил и бруто-домашниот производ на македонската економија.

Се на сѐ, навистина успешен ден овде во Германија, во Бон, и сето она коешто денеска го разговаравме, се разбира, ќе има дополнителна додадена вредност во квалитетот на животот на граѓаните во Македонија. Голем поздрав од Дизелдорф и продолжуваме утре со нашата посета во Германија.”

Можете да прочитате

“АГРО ЕКСПО за ЕУ Проекти 2026” претстави 21 европски проект и решенија за современо земјоделство

Сигурна енергетика во дигиталната ера: Јакнење на сајбер-отпорноста

Од полноќ бензините поскапуваат за два, дизелот за еден денар