
Вознемирувачка снимка од брутална групна тепачка меѓу млади лица се шири на социјалните мрежи и предизвика бурни реакции во јавноста.
Според снимката, поголема група млади лица се пресметуваат на улица, а во еден момент едно од момчињата добива силен удар – клоца во главата, по што паѓа на земја и останува неподвижно.
Насилството не запира ниту тогаш. Додека момчето лежи без да се помрднува, друго лице му приоѓа и повеќепати го удира со дрвена прачка по грбот, при што прачката се крши од силината на ударите.
Снимката содржи вознемирувачки сцени на насилство и предизвика бројни реакции и осуди на социјалните мрежи. Засега нема официјални информации за здравствената состојба на повреденото лице, ниту дали во врска со случајот е постапено од надлежните институции. Доколку полицијата се огласи со официјални информации, јавноста ќе биде дополнително информирана.
ПОВЕЌЕ ОД ТЕКСТОТ И ВИДЕОТО НА ЛИНКОТ

