Утрински Весник
Македонија

Водата во струшко Радожда не е за пиење

D0bfd0b8d0b5d19ad0b5d182d0be D0b2d0bed0b4d0b0 D181d0be D0bcd180d0b0d0b7 D0b5 D188d182d0b5d182d0bdd0be D0b7d0b0 D187d0bed0b2d0b5d0bad0be 63d6e3a08e6af.jpeg

Поради дефект водата во село Радожда не е за пиење, соопшти јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Струга.

Центарот за јавно здравје Охрид, според директорот Сашо Точков, констатирал дека водата во водоводот во Радожда, со кој стопанисува ЈП „Водовод и канализација“ Струга нема дезинфекционо средство, што претставува потенцијална опасност за корисниците.

– Првичните резултати од микробиолошката анализа од земените примероци утрово од две места од водоводот во селото се очекуваат во наредните два дена, изјави Точков за МИА.
ЈП  „Водовод и канализација“ апелира до населението да не ја користи водата за пиење до следното известување, посочувајќи дека превземаат мерки за нормализирање на состојбата

Можете да прочитате

СДСМ: Не е до чергата, до приоритетите е, ВМРО-ДПМНЕ не се грижи за работниците

Мицкоски ќе ја предводи македонската делегација на Самитот на НАТО

134 санкционирани возачи во Скопје