Утрински Весник
Македонија

Сулејмани и Ерсој во Анкара: Нови можности за соработка во културата и туризмот

796668593 1976759016932140 1491648007681067977 n.jpg

Во рамките на официјалната посета на Анкара, денеска министерот за култура и туризам Седат Сулејмани оствари средба со својот турски колега, министерот за култура и туризам на Република Турција, Мехмет Нури Ерсој.

Средбата помина во исклучително срдечна и пријателска атмосфера. Двајцата соговорници разговараа за билатералните односи меѓу Република Северна Македонија и Република Турција, како и за потенцијалите за нивно понатамошно продлабочување, особено во областите на културата и туризмот.


Министрите ги разменија своите согледувања и планови во врска со делувањето на Културно-информативните центри во Скопје и Истанбул, актуелните проекти, меѓу кои и изградбата на Турскиот театар во нашата држава, како и активностите насочени кон интензивирање на туристичката промоција. Разгледани беа иницијативите што во иднина се очекува да претставуваат силен поттик за развој на врските меѓу двете земји.

На средбата беше истакната и успешната соработка со Турската агенција за соработка и координација (ТИКА), преку која во изминатите години се реализирани бројни проекти за непосредна заштита на објекти од културното наследство од османлискиот период. Потврдено е дека во наредниот период ќе се обезбеди поддршка од ТИКА за заштита на уште неколку објекти.

Двете држави имаат одлична соработка и во рамките на УНЕСКО, што беше подвлечено со мултинационалните апликации за впишување на две добра на Репрезентативната листа на УНЕСКО за заштита на нематеријалното културно наследство.

Во рамките на официјалната посета министерот Сулејмани го посети Анатолискиот музеј на цивилизациите и оствари средби со личности од јавниот и политичкиот живот во Република Турција.

Можете да прочитате

Средба на министерот Муцунски со министерката за надворешни работи на Канада, Анита Ананд

Сузбиена криминална група за криумчарење стоки, поднесена кривична пријава против осум лица, одземени над 100.000 евра, лекови, суплементи и други предмети

Во Тетово уапсени две лица за посредување при вршење проституција