Утрински Весник
Македонија

Во Тетово уапсени две лица за посредување при вршење проституција

Tetovo Policija.jpg

На 21.09.2026 во 20:00 часот на улица „Илинденска” во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово ги лишија од слобода М.Ц.(27) од Тетово и К.З.(31) од село Боговиње, со престој во Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „посредување во вршење проституција” по член 191 од Кривичниот законик.

Лицата биле задржани во полициска станица, а истата вечер, врз основа на наредба од Основен суд Тетово бил извршен претрес во домот и помошни простории на К.З. во Тетово. Притоа, од него биле одземени куршум и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело. По целосно документирање на случајот, ќе следуваат соодветни поднесоци.


Можете да прочитате

КЛУЧ ОД МОТОР ПОВРЗАН СО УБИСТВО ПРОНАЈДЕН КАЈ 33-ГОДИШНИК: Во домот имал бомба, два пиштоли и 240 куршуми

Охрид по 11 години ќе го добие затворениот базен, обезбедени 470 милиони денари за довршување

Левица: ФЗО го скрати боледувањето на 5 дена – правата на работниците мора да бидат заштитени со закон, а не со правилник