Утрински Весник
Македонија

Усвоени барањата за апанажа на Маричиќ, Шаќири и Бајрами

Sobranie Scaled.jpg

Денес собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата, во рамки на 3. седница, со 10 гласови „за“ и еден „против“ ги поддржа барањата на Бојан Маричиќ, Јетон Шаќири и Наим Бајрами да добиваат апанажа по престанок на нивниот работен однос.

Никој од членовите на Комисијата не побара збор, поради што точката беше веднаш ставена на гласање и усвоена.

Претседателот на Комисијата Ѓорѓија Сајковски, пред да ја затвори седницата, соопшти дека ги потпишал решенијата за плата на пратениците на кои Собранието им го верификуваше мандатот. Потпишани се, рече, и решенијата за неспоивост на функцијата пратеник со функцијата претседател на Владата или министер, решенијата за престанок на право на плата по престанок на функцијата пратеник на Игор Јанушев, Христијан Мицкоски и на избраните министри, како и решенијата за плати на замениците на претседателот на Владата, Изет Меџити, Александар Николовски, Љупчо Димовски, Иван Стоиљковиќ и Арбен Фетаи.

Можете да прочитате

Со нож сакал да го нападне брат му: Кривична за маж од Прилеп

Андоновски-Гир: ЕУ ќе ја помага дигиталната трансформација на земјата

ИЈЗ со препораки како да се разладиме на екстремна топлина