Утрински Весник
Македонија

Две лица загинаа, а три се повредени во сообраќајка на автопатот Куманово – Скопје

795641443 2192567065009820 5880120332424245219 n.jpg

На 19.09.2026 околу 21:35 часот во СВР Куманово e пријавено дека на автопатот Куманово- Скопје, во насока кон Скопје, во атар на с.Агино Село, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.М. (65) од Скопје и патничко возило „опел корса“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Н. (27) од Скопје.

На местото на настанот починале сопатниците од возилото опел корса В.Н. ( 49) и Л.М. ( 71) од Скопје. Л.Н. (48), сопатничка од возилото „опел корса“ се здобила со тешки телесни повреди, а сопатничката Б.Н. ( 28) и С.Н. (27) од Скопје се здобиле со телесни повреди и биле пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.


Увид извршила екипа од СВР Куманово, а по наредба на јавен обвинител, возачот на патничкото возило „мерцедес“ М.М. бил лишен од слобода и по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.

Можете да прочитате

Шумската полиција со засилени акции: Запленети над 500 кубни метри дрвна маса и поднесени 140 пријави 

Клековски: Вакцините против грип се пристигнати и пријавувањето ќе започне час поскоро

ВЛЕН: Тетово се менува со дела, модерниот стадион добива форма