Утрински Весник
Свет

Во текот на ноќта Русите соборија 14 украински беспилотни летала, а Украинците 30 руски

Plus3 .jpg

Руските власти објавија дека во текот на ноќта собориле 14 украински беспилотни летала над регионите Курск, Воронеж и Белгород, додека Украинците соопштија дека собориле 30 руски беспилотни летала над нивна територија.

Русија прецизираше дека 12 беспилотни летала биле соборени над регионот Курск и по еден над Воронеж и Белгород.

Воздушна тревога е прогласена ширум Украина во 7:20 часот по локално време, додека украинските воздухопловни сили објавија дека Русите истрелале 38 нападни беспилотни летала и две балистички ракети Искандер-М. Од нив беа соборени 30 дронови, но не се знае што се случило со останатите.

Можете да прочитате

Багеи: Земјите во регионот повеќе не можат да се потпираат на САД за безбедност како порано

Колумбија прогласи состојба на „национална катастрофа“ по силниот земјотрес

Пезешкијан информира дека разговорот со Моџтаба траел седум часа