Утрински Весник
Свет

Унгарија најави повлекување на ветото за преговорите на Украина со ЕУ

Ungarija.webp.webp

Унгарија се очекува денеска да ја повлече блокадата за отворање на последните два кластери во пристапните преговори на Украина со Европската Унија. Потегот би овозможил напредок и за Молдавија, чиј преговарачки процес е поврзан со украинскиот, јавуваат европските медиуми, повикувајќи се на дипломатски извори.

Според најавите, Будимпешта треба да го потврди ставот на состанокот на амбасадорите на земјите членки во Брисел. Преостанатите кластери ги опфаќаат зелената агенда и одржливото поврзување, како и ресурсите, земјоделството и кохезиската политика.


Промената доаѓа по договорот меѓу Киев и Будимпешта за правата на унгарското малцинство во западна Украина. Односите меѓу двете земји почнаа да се подобруваат по доаѓањето на Петер Маѓар на власт, а четири од шесте преговарачки кластери веќе се отворени.

Повлекувањето на унгарското противење, сепак, не значи автоматско отворање на кластерите. Потребно е земјите членки да усвојат заедничка преговарачка позиција, по што формалното отворање се спроведува на меѓувладина конференција. Според дипломатските очекувања, сите шест кластери би можеле да бидат отворени до декември.

Потоа Украина и Молдавија ќе треба да ги исполнуваат условите за затворање на поглавјата, особено во владеењето на правото и борбата против корупцијата. Отворањето на кластерите е чекор напред во преговорите, но не претставува гаранција за членство.

Можете да прочитате

Холандија го повика рускиот амбасадор по нанесени штети врз амбасадата во Киев

Највисокиот суд на ОН пресуди дека Мјанмар е виновен за геноцид врз муслиманите Рохинџи

Светското производство на вино во 2026 година блиску до рекордно ниско ниво поради климатските промени