Утрински Весник
Магазин

Роберт Патинсон е новиот Џејмс Бонд

Robert patinson.jpg

Британскиот актер Роберт Патинсон ќе ја преземе улогата на Џејмс Бонд во следниот филм за британскиот шпион ставајќи крај на долгогодишните шпекулации за иднината на 007, јавува ДПА.

Тој ќе го замени Даниел Крег, кој ја презеде улогата во филмот „Казино Ројал“ (Casino Royale) во 2006 година, а се повлече по својот петти филм „Нема време за умирање“ (No Time To Die), во 2021 година.


Следниот филм за Бонд е моментално во фаза на развој. Минатата година беше објавено дека сценариото ќе го напише Стивен Најт, креаторот на серијата „Пики Блајндерс“ (Peaky Blinders).

Режисерот на „Дина“ (Dune) Дени Вилнев ќе го режира филмот – кој сè уште нема наслов, но моментално се нарекува „Бонд 26“ (Bond 26) – а продуценти ќе бидат Ејми Паскал и Дејвид Хејман.

Можете да прочитате

Измамници ја користат видеоиграта GTA VI за да крадат пари и податоци од гејмерите

Депардје ја повлече жалбата на пресудата за сексуален напад

Ограбена данска продавница за покемон картички вредни над 130.000 евра