Утрински Весник
Македонија

Во администрација нема да има отпуштања – ќе има обуки за нестручните

1728568878 Administracija.jpg

По донесената одлука на Уставен за укинување на балансерот министерот за јавна администрација Горан Минчев најави дека ќе почекаат таа во целост да биде објавена во службен весник, по што Министерството ќе излезе со конкретни инструкции и насоки до државните институции. Тврди дека ниту еден вработен нема да остане без работа, но дека некомпетентните кадри ќе бидат пратени на преедукации и ќе бидат прераспределни на содветни работни позиции.

„Ние не можеме да се доведеме до ситуација некој да седи во јавна администрација, да зема плата, а не ги исполнува своите работни задачи зашто тоа пак предизвикува револт кај тие што работат деноноќно, ги извршуваат сите работи, а земаат иста плата со овие коишто не ги исполнуваат своите работни задачи. За таа цел, важно е формирањето на т.н. академија за обука, едукација на јавната администрација која би помогнала во овој процес на внатрешна реедукација“.
Ден по укинувањето на балансерот од Вреди тврдат дека ново законско решение за правична застапеност е веќе изготвено и дека наскоро ќе се најде во собраниска процедура. Според Арбен Тараварен Уставен со одлуката ги решил проблемите кои со години не биле решени.

„Кога е уставна категорија треба да има и закон. Ќе има нов закон во којшто ќе се предвиди застапеност не само етничка, туку и на сите категории на луѓе коишто живеат во државата да имаат правична застапеност во институциите на системот, во институциите на државата. Ние очекуваме, законот е готов од наша страна, очекуваме и мислења коишто доаѓаат од меѓународни експерти и од Европската комисија и се надевам набргу ќе го процесуираме законот во Парламентот“.

Минчев смета дека не треба да се брза со донесување на нов Закон и дека тој треба да биде резултат на сепофатна и широка јавна дебата, вели не е запознаен со предлог законското решeние на Вреди, кое не сакаше да го коментира.. Идејата на Изет Меџити за потпишување на нотарски изјави за чувство на етничка припадност ја смета за понижувачка за граѓаните. На ДУИ, пак им порача да се знимаваат со реформите во нивната партија, а не со реформите во јавната администрација.

„Во Националната стратегија за реформи во јавната администрација изработена од претходната влада ДУИ како учесник поддржала иницијатива со којашто меѓудругото се констатира дека „се надминува потребата од употребата на алатката балансер која во пракса предизвикува бројни злоупотреби, а од друга страна останува примената на правичната и соодветна застапеност на етничките заедници“.

Одлуката за укинување на балансерот беше донесена со мнозинство гласови од уставните судии и таа нема да важи реторактивно. Алатката беше укината по низа забелешки дека истата долго време била злоупотребувана и ја изгубила својата намена, нешто што беше нотирано и во извештајот на ЕК за напредокот на Македонија.

Можете да прочитате

Директорите на Царинските управи на Македонија и Бугарија одржаа билатерална средба во Софија

18годишник си ја претепал својата мајка

Филипче: Силен СДСМ е неопходен за демократскиот развој и европската интеграција на Северна Македонија