Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ го избра Пренџов за заменик на генералниот секретар

Img 7797.jpeg

Пратеникот Љупчо Пренџов е избран за заменик на генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки. Пренџов на Фејсбук објави дека одлуката е донесена на денешната седница на Извршниот комитет на партијата.

Тој му се заблагодари на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, за укажаната доверба и на членовите на Извршниот комитет за поддршката. Изборот го опиша како ново поглавје во својот политички ангажман и порача дека довербата ќе ја оправда со личен ангажман, доследност и конкретна работа.


„Довербата е обврска. Одговорноста е да се оправда со работа и резултати“, напиша Пренџов.

Пренџов претходно беше организациски секретар на Граѓанската опција за Македонија (ГРОМ), а во март 2017 година беше избран за потпретседател на партијата. Во Собранието влезе во 2020 година како претставник на ГРОМ, од листата на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. 

Драган Ковачки беше избран за генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ во февруари 2026 година, кога Централниот комитет го избра и новиот состав на Извршниот комитет. 

Можете да прочитате

Савески: Обвинителството води предистраги и истраги за актуелни високи функционери

Димитриевски: ЗНАМ ќе го преиспита учеството во Владата ако се игнорира ставот за правосудниот испит

Тошковски најави електронски алки и побрза полициска реакција при семејно насилство