Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ОКГ го објави својот пад-сега нека ги објави вистинските бројки за нас, велат од СДСМ

Sdsm.jpeg

Соопштение за јавност на СДСМ:

Во нивната анкета стои 19,3 проценти. Од околу 32 на изборите, пад на 19. 


Зборуваат за убедливо водство, а бројките покажуваат пад на поддршката.

41 процент нема да излезат, не знаат или не сакаат да одговорат. Тоа не е водство. 

Невозможно е повеќе да се скријат секојдневните лаги. 

Економијата е во колапс. Втор ребаланс за четири месеци, трет најавен. За пензиите фалат околу милијарда, а вториот пензиски столб  нема пари. 

Во буџетот фалат 1,3 милијарди. За две години долг од околу 4 милијарди, повеќе од половина од независноста. Нема зголемување на минималната плата. Левица, нивниот сателит, не влезе ни во салата.

Ова е дипломатија на намерни конфликти. Целосна изолација. Нема поле каде што се успешни. Народот ги виде лагите со кои дојдоа на власт. 

Нема веќе предавање на национален интерес. Единствен предавач е организираната криминална група ВМРО и арамијата Мицкоски.

Тимчо Муцунски потврди – Билатералните прашања не се дел од преговарачката рамка. Преспа, вели Мицкоски е ремек-дело. Сиљановска: идентитет, јазик и култура се заштитени. Европа го потврди тоа. Последна во низата, претседателката на Комисијата, рече не се преговара со Бугарија, се  преговара со ЕУ. 

Намерни провокации: прво фашисти, па коњопој, пред средба на Муцунски со бугарската министерка.

Условот за кандидатите за ЕУ е соработка со независното обвинителство и соработката со Лаура Ковеши. А потоа, некој мора да понесе одговорност.

Затоа  е паниката. Затоа платеници- ЗНАМ, кои што ја предаде партијата па гласачите и Платформата, ЗНАМ 2.0, за 1,6 милиони тендер. Руската Левица, која е анти-ЕУ, анти-НАТО, против стратешкиот партнер Америка, кои што не гласаа за платата на работниците. 

Целта е да ја запрат единствената опозиција. 

СДСМ ја враќа довербата токму сега, кога граѓаните знаат дека сè било лага.

Секој ден гледаат задолжување, провизија, рудник за трговец со оружје, дата центри за туѓа дигитализација, провизија за арамијата. 

За народот вели талог, глодари, медиокритети, а за себе елита и институција.

Најпосле ВМРО го призна падот. Вистинскиот е поголем. Повеќе не можеше да се штелува, затоа што и за ова веќе никој не им верува.

Се сеќавате на анкетите во Унгарија. И на изјавите на ВМРО за победа на менторот на Мицкоски и заштитникот на бегалец Грујевски – Виктор Орбан. Што се случи? 

Народот победи.

Наскоро народот ќе победи и тука. Власта ќе биде во рацете на граѓаните. 

Нема анкета што ќе ги спаси од правдата. Од неа не се посилни.

Можете да прочитате

Лице од Струмичко уапсено поради марихуана

ВЛЕН: Нулта толеранција за насилството, нема компромиси кога е во прашање законот

Десет возачи уапсени поради безобѕирно управување со возило, меѓу нив возачи без возачка дозвола и под дејство на алкохол