Утрински Весник
Македонија

Бесплатни уролошки прегледи по повод Месецот на машкото здравје

Flat Blue November Background 23 2149690537.jpg

Специјализираната болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември“ – Скопје денеска ќе организира превентивна здравствена акција по повод Месецот на машкото здравје, насочена кон подигнување на свеста за значењето на редовните прегледи и навремената превенција.

Во рамки на акцијата ќе се вршат превентивни ехо-прегледи на уринарниот тракт и простатата, како и консултации со специјалист уролог.


На настанот предвидени се обраќања на директорката на болницата и потпретседателка на Лекарската комора за секундарно здравство, д-р Ленче Нелоска, и претседателот на Лекарската комора на Македонија, проф. д-р Никола Јанкуловски.

Акцијата ќе се одржи од 10 до 11 часот во амбулантата во рамки на Специјализираната болница „13 Ноември“ во Скопје.

Од болницата посочуваат дека целта е да се поттикнат граѓаните, особено мажите, редовно да ја следат својата здравствена состојба и навреме да ги откриваат евентуалните заболувања.

Можете да прочитате

Поради метеж на терминалот Блаце, товарниот соовбраќај пренасочен од г.п Блаце кон бензиска „Дизел“

Променливо облачно со повремен дожд

Жена од Турција пронајдена почината во стан во Аеродром