Утрински Весник
Македонија

Десет возачи уапсени поради безобѕирно управување со возило, меѓу нив возачи без возачка дозвола и под дејство на алкохол

Lisen od sloboda vozac vo tetovsko vozel bez vozacka dozvola i predizvikal soobrakjajna nesrekja sleduva krivicna prijava image.jpg

Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода 10 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.

Од нив, четворица управувале возило без положен возачки испит: Т.Т.(43) од Битола, О.И.(44) од Кичево, малолетник од Скопје, како и М.С.(35) од село Ваташа, кавадаречко, кој управувал трактор.


Двајца возачи управувале возило под дејство на алкохол. Кај Д.Б.(21) од Скопје биле измерени 1,99 промили алкохол во крвта, додека кај Ј.Г.(67) од Штип биле измерени 1,77 промили алкохол.

Тројца возачи управувале возило и покрај тоа што имале активна мерка забрана за управување со моторно возило: З.С.(55) и И.С.(54), двајцата од Кичево, како и С.М.(58) од село Илиово, делчевско.

Исто така, малолетник од Неготино управувал мотоцикл без да поседува возачка дозвола, а возилото било и нерегистрирано.

По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

МВР апелира до сите учесници во сообраќајот доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит, со активна забрана за управување или под дејство на алкохол и заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.

Можете да прочитате

Лице од Струмичко уапсено поради марихуана

ВЛЕН: Нулта толеранција за насилството, нема компромиси кога е во прашање законот

ВМРО-ОКГ го објави својот пад-сега нека ги објави вистинските бројки за нас, велат од СДСМ