Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да соработува со правосудните органи и да се извинат на граѓаните што не го спречиле криминалот на Груби и ДУИ

Vmro Dpmne 1.jpg

Интегрален текст од сопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ:

СДС и Филипче додека беа власт се им дозволија на коалициските партнери ДУИ. СДС и Филипче дозволија криминалот да царува а корупцијата да се прошири до пандемиски размери.


СДС молчеше и создаде атмосфера во која се перцепираа како немоќни, а истовремено беа дел и соучесници пред се она што беше очигледно а тоа е мегаломански криминал и пљачкање на народните пари.

СДС и Филипче беа директни сведоци на сомнителни активности, а во јавниот дискурс постојано проектираа слика на незнаење и неинформираност.

СДС и ДУИ да излезат на прес конференција и да се извинат на граѓаните затоа што дозволија 7 години да ги крадат народните пари.

СДС и Филипче да се изјаснат дали навистина имаат намера да покажат политичка одговорност, да започнат со јавно признавање на сопствените попусти и да се извинат пред јавноста за тоа што не презеле ништо за спречување на корупцијата од страна на ДУИ и Груби.

Филипче додека бил функционер во владата на СДС и ДУИ знаел за криминалните активности на Груби и ДУИ но молчел за да опстане криминалната коалиција ден повеќе на власт и токму поради тоа денес Филипче треба да помогне на правосудниот систем за докажување на криминалот.

СДС треба проактивно да соработува со правосудните органи и да ги сподели сите информации за кои има сознанија, за да придонесе кон расчистување на незаконските активности на ДУИ и Груби, во спротивно се друго е прикривање, и ја продолжува штетната практика на неказнивост.

СДС после два месеци откако скандалот и криминалот на Груби ја бранува јавноста се обидува да се дистанцира од ДУИ преку декларативни изјави за несогласување со нивните дејства.

Ваквиот пристап на СДС кој е лишен од конкретни чекори, не само што е површен туку ги прави соучесници и е недоволен за да се врати довербата кај граѓаните.

Ако СДС сака да изгледа барем малку одговорно, треба да се извини што го толерирале Груби, што не го спречиле кога имале шанса. А потоа, сите тие што му овозможија да дојде до оваа точка, мора да се повикаат на одговорност.

Можете да прочитате

Муцунски: Нашиот пристап е да бидеме најдобрата влада пред граѓаните, но и во очите на нашите европски партнери во делот на испорачаните реформи

Сајкоски: Комисијата за избори и именувања не е надлежна самата да презема нешто околу интерпелацијата за Даути

Муртезани и Фидан: Заедничка визија за силен Балкан и европска иднина