Утрински Весник
Македонија

Проблем во системот за регистрација на возила – МВР потврди дека има технички пречки

1682492321 znate li kada se radi redovni a kada vanredni tehnicki pregled vozila.jpg

Граѓани од повеќе градови во источниот дел на Македонија веќе втор ден се соочуваат со проблеми при регистрацијата на возила поради технички пречки во системот на Министерството за внатрешни работи пишува 4news.mk.

Проблемот е поврзан со испраќањето на верификациските кодови кои, според новите правила, граѓаните треба да ги добијат преку СМС и електронска пошта за да може да се заврши постапката за регистрација. Кодови, според информациите доставени до редакцијата, не пристигнуваат, поради што граѓаните не можат да ја завршат процедурата.


До редакцијата се обрати гледач кој посочува дека проблемот трае веќе два дена и е забележан во Берово, Делчево и Кочани, но и во други места од источниот регион.

„Системот на МВР за регистрација на возила не функционира веќе два дена и не можеме да ги регистрираме возилата. Според новите правила треба да пристигнат кодови за верификација преку СМС и електронска пошта, но тие воопшто не пристигнуваат“, се наведува во информацијата доставена до редакцијата.

Поради проблемите со кои се соочуваат граѓаните, 4news.mk побара одговор од Министерството за внатрешни работи за причините за нефункционирањето на системот, колкав дел од земјата е опфатен и кога може да се очекува нормализирање.

Од МВР потврдија дека во системот за регистрација на возила се регистрирани технички пречки.

„Во врска со Вашето барање, Ве информираме дека се регистрирани технички пречки во системот за регистрација на возила, поради што има проблеми со испраќањето на верификациски кодови. Надлежните служби работат на отстранување на пречките и нормализирање на функционирањето на системот“, велат од МВР за 4news.mk.

Засега од Министерството не соопштуваат што точно ја предизвикало техничката пречка, ниту дали проблемот со регистрацијата е присутен и во останатите делови од Македонија.

Нема ниту конкретен рок кога системот целосно ќе биде ставен во нормална функција. Додека траат техничките проблеми, дел од граѓаните остануваат заглавени во постапката бидејќи без верификациските кодови не можат да ја завршат регистрацијата на своите возила.

Можете да прочитате

Доказната постапка за „Државна лотарија“ почнува на 23 септември

Најубавиот звук од Детската клиника: Победничкото ѕвонче заѕвони за херојот Ефнан

„ТАВ Македонија“ го укина ограничувањето за бесплатен влез во „Hug & Fly“ на скопскиот аеродром