Утрински Весник
Економија

Од полноќ нови цени на горивата

Goriva.png

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,86% во однос на одлуката од 7.9.2026 година. Во пресметката е вклучена и одлуката на Владата од 13 септември за примена на повластена даночна стапка, со која данокот на додадена вредност за горивото Еуродизел е намален на 10 отсто.

Со најновата корекција, цената на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 100,50 денари за литар, на Еуросупер БС-98 102,50 денари, а Еуродизел БС се намалува на 99,00 денари за литар.


Можете да прочитате

Мицкоски: По основ на дизел горивото, дневната заштеда на македонските граѓани е повеќе од 250.000 евра, Владата води сметка да го заштити стандардот на граѓаните

Цената на нафтата над сто долари за барел поради ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток

СДСМ: Мерката за намалување ДДВ за дизелот е половична и задоцента