Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Градоначалникот на Крива Паланка од СДС пијан тепал полицаец, Ковачевски да го повика да си даде оставка

ВМРО-ДПМНЕ: Градоначалникот на Крива Паланка од СДС пијан тепал полицаец, Ковачевски да го повика да си даде оставка

Граѓаните со градоначалниците на СДС наместо проекти добиваат насилство и закани. Имено, градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски наместо да создава подобри услови за живеење на граѓаните, тој тепа и напаѓа свои сограѓани по улици, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

Од партијата велат дека градоначалникот Сашко Митовски на 14-ти јануари во алкохолизирана состојба нападнал полицаец без никаква причина. А, по инцидентот, биле упатувани закани до полицаецот и до неговото семејство за да ја повлечат пријавата против градоначалникот Митовски.

Уште пострашно е тоа што, овој невиден скандал СДС се обиде да го заташка, наместо веднаш да побара оставка и одговорност од нивниот сопартиец. По сторениот скандал градоначалникот Митовски не е достоен на функцијата што ја има како градоначалник, тој веднаш треба да си поднесе оставка.

Сдпоред ВМРО-ДПМНЕ ова не е само обично насилство, бидејќи е направено од човек кој ја користи моќта која му ја дава функцијата за да ги напаѓа своите сограѓани.

СДС и нивниот сопартиец Митовски треба да знаат дека одговорност за нивното самоволие ќе има. Народот веќе не се плаши на шерифувањето и заканувањето на СДС, се вели во соопштението.

Можете да прочитате

Еден месец од исчезнувањето на Љупчо, семејството бара помош

13 возачи уапсени за „безобѕирно управување со возило“ во изминатото деноноќие

Сообраќајка во струшко, две лица тешко повредени