Утрински Весник
Македонија

Почесна артилериска стрелба по повод Денот на независноста

Arm.webp.webp

Денес, 7 септември 2026 година (понеделник), со почеток во 19.00 часот, во касарната ,,Илинден” во Скопје од страна на единицата на Артилерискиот баталјон на Армијата, ќе се изврши почесна артилериска стрелба со истрелување на 10 плотуни од 6 артилериски орудија.

Почесната стрелба е дел од протоколарните активности на Армијата, кои се реализираат по повод одбележувањето на 8 Септември – Денот на независноста.

Пробната артилериска стрелба, со истрелување на еден плотун од 6 артилериски орудија, ќе биде извршена во 18.00 часот.

Можете да прочитате

Мицкоски за предвремени избори: Можно е, никогаш не вели никогаш

Мицкоски: Бугарија станува прибежиште за криминалци – случајот со Ива Михаилова ќе го отвориме пред НАТО и ЕУ

Треновски: Не очекувајте големо поевтинување на становите, но цените може да стагнираат