Утрински Весник
Македонија

Детали од МВР: Двајца напаѓачи на мотоцикл пукале кон петмина, загина 26-годишник во Скопје

Img 3647.jpeg

Двајца напаѓачи на мотоцикл отвориле оган кон група од петмина скопјани, при што смртно бил ранет 26-годишниот А.М., соопшти Министерството за внатрешни работи, објавувајќи ги првите официјални детали за синоќешното убиство во Скопје.

Според информациите од МВР, пукањето било пријавено на 6 септември околу 23:30 часот, во близина на раскрсницата на улиците „Прохор Пчински“ и „Војдан Чернодрински“.

Во моментот на нападот, Д.Г. (29), А.Џ. (24), К.Б. (36), Е.Б. (25) и А.М. (26), сите од Скопје, стоеле пред излог на фирма.

Во еден момент пред групата застанал мотоцикл на кој се наоѓале две лица. Од мотоциклот било пукано со огнено оружје кон петмината скопјани, по што напаѓачите веднаш побегнале од местото.

Еден од испуканите проектили го погодил 26-годишниот А.М. На местото била повикана Итната медицинска помош, а повредениот бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

И покрај укажаната медицинска помош, А.М. им подлегнал на повредите и починал во болница.

Засега нема официјални информации дали двајцата напаѓачи се идентификувани, ниту што е мотивот за вооружениот напад. Надлежните преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и пронаоѓање на сторителите.

Можете да прочитате

Уапсена скопјанка кој го предизвикала пожарот кај МТВ

Бакарот станува стратешки ресурс, Аргентина и Чиле го менуваат пристапот – каде е Македонија? 

Полски државјанин тешко повреден по пад од четирицикл кај охридско село