Утрински Весник
Македонија

ВЛЕН: Платите растат три години по ред, граѓаните добиваат подобри услуги

Vlen.webp.webp

Соопштение за јавност на ВЛЕН:

ВЛЕН уште од првиот ден вети дека промените ќе се почувствуваат во секојдневниот живот, кај вработените, нивните семејства и во квалитетот на услугите што ги добиваат граѓаните.

Општина Тетово, во соработка со Синдикатот на вработените, потпиша договор за зголемување на платите во општинската администрација, со што основната плата ќе се зголеми за 7 проценти. Овој раст на платите ќе продолжи и во наредните три години.

Оваа одлука претставува конкретна поддршка за општинската администрација, но и чекор кон поголема мотивација, поефикасна работа и поквалитетни услуги за граѓаните.

За ВЛЕН, силни институции се градат преку почитување на трудот и поддршка на луѓето кои секојдневно го носат товарот на јавната администрација.

Зголемувањето на платите во Општина Тетово, предводена од Билал Касами, е уште еден доказ дека локалното владеење на ВЛЕН носи реални резултати и директно го подобрува животот на граѓаните. За нас, секој вработен има вредност и заслужува достоинствени услови за работа.

Ова е визијата на ВЛЕН, институции што го почитуваат трудот, ги поддржуваат работниците и создаваат подобри услови за живот за сите граѓани.

Можете да прочитате

Иванов се обрати на 29-тиот Евроазиски економски самит во Истанбул

Докторот што снимаше пациентки на „ТикТок“ повторно ќе работи во тетовската болница

Посвежо и нестабилно време и понатаму во Македонија, локално со врнежи