Утрински Весник
Македонија

ВЛЕН: 74 милиони евра за Клиничката болница во Тетово – носиме историски инвестиции

Vredi vlen.jpg

Соопштение за јавност на ВЛЕН:

Официјално започнаа подготовките за реализација на инвестиција од 74 милиони евра за Клиничката болница во Тетово – најголемиот и најзначаен проект во историјата на оваа здравствена установа.

Оваа инвестиција е уште еден доказ дека ВЛЕН, како партнер во Владата, спроведува политики на конкретни резултати, а не празни ветувања.

Овој повеќемилионски проект не е само рекордна бројка, туку гаранција дека граѓаните на Тетово и Полошкиот регион ќе добијат поквалитетни, побезбедни и поефикасни здравствени услуги, без потреба да бараат лекување надвор од државата.

Со ова, ВЛЕН покажува дека одговорното владеење се мери со проекти што го подобруваат животот на граѓаните. Благодарение на нашата посветеност, Клиничката болница влегува во нова ера на развој, а историските инвестиции ги заменуваат годините на стагнација и занемарување.

Остануваме посветени преку конкретна работа и стратешки инвестиции да изградиме институции што им служат на граѓаните и да обезбедиме подобра иднина за сите.

Клиниката во Тетово се гради. За две години резултатите се видливи, додека 20 години имаше само ветувања. ВЛЕН носи историски инвестиции.

Можете да прочитате

ВЕЧЕРВА ПРЕТРЕСИ НА ПОВЕЌЕ ЛОКАЦИИ НИЗ МАКЕДОНИЈА: Голема меѓународна акција против организиран криминал

ЗЕМЈОТРЕС ВО МАКЕДОНИЈА: Епицентарот во близина на Охрид

Дошле да му ја спасат шталата, тој ги нападнал – двајца пожарникари нападнати кај Прилеп