Утрински Весник
Македонија

Владата ќе го прифати секој договор помеѓу синдикатите и работодавачите, во моментот кога тој ќе биде постигнат во рамките на економско социјалниот дијалог

Vlada.jpg

Денес претседателот на Владата, Христијан Мицкоски заедно со министерот за економија и труд, заменик-министерот за економија и труд, државниот секретар во Министерството за финансии и советникот во Кабинетот на претседателот на Владата одржа средба со претставници на синдикатите.

Се разговараше за минималната плата, колективниот договор и репрезентативноста на синдикатите а по средбата Владата излезе со соопштение за јавност.


„Ставот на Владата во врска со зголемувањето на минималната плата е јасен и поврзан со закон. Имено, согласно закон Владата е обврзана да го определи нивото на минималната плата најдоцна до 31 март. Владата ќе го прифати секој договор помеѓу синдикатите и работодавачите, во моментот кога тој ќе биде постигнат во рамките на економско социјалниот дијалог.

Владата останува партнер на работниците и работодавачите и подготвена е на дијалог во секој момент кога тоа ќе биде побарано од страна на страните во процесот“ велат од владината прес служба.

Можете да прочитате

Македонија е заеднички дом на сите нејзини граѓани

Кумановец им помагал на граѓани да вадат пари од банкомат па дел од кешот си го земал за себе

Мисајловски најави десет процентно зголемување на платите во Армијата и одбраната