Утрински Весник
Свет

Кина ги зголемува царините за стоки од САД на 84%

Kina.webp.webp

Откако САД воведоа царини од 104%, Кина спреми одговор и во четврток ќе воведе царини од 84 отсто за американски стоки, во споредба со претходно објавената царина од 34 отсто, соопшти кинеското Министерство за финансии.

Кина ја предупреди Светската трговска организација дека одлуката на САД да воведат царини за Пекинг се заканува дополнително да ја дестабилизира глобалната трговија.


Ситуацијата опасно ескалира. „Како една од засегнатите членки, Кина изразува сериозна загриженост и решително противење на овој непромислен потег“, се вели во соопштението на Кина

Кина на состанокот на СТО за трговија со стоки рече дека реципрочните тарифи ги прекршуваат правилата на организацијата и го поткопуваат мултилатералниот трговски систем.

„Реципрочните царини не се и никогаш нема да бидат лек за трговскиот дисбаланс. Наместо тоа, тие ќе одговорат и ќе им наштетат на самите САД“, се вели во кинеската изјава.

Можете да прочитате

Британија лансираше монети во чест на бендот „Ајрон Мејден“

Трамп: Царините ќе важат од 1 август, продолжување нема

Макрон: Европа никогаш нема да ја напушти Украина