Утрински Весник
Магазин

Вистина или не? Дали брусницата спречува уринарни воспаленија?

Чајот од брусница, соковите, сушената брусница, како и капсули со концентрат се едни од најпопуларните производи кога се во прашање уринарните инфекции и воспаленија. Но, колкава е навистина нивната ефикасност?

Голем број студии покажале дека жените кои редовно консумираат чај од брусница или слични производи имаат доста намален ризик од уринарни инфекции. Тука, покрај чајот, спаѓаат и свежите брусници, сушените, соковите, капсулите, екстрактот од брусница… Испитаниците дале податок за значајно намалување на уринарните тегоби откако редовно ги консумираат овие производи.

Активните состојки на брусницата имаат својство да спречуваат бактериите да се закачат за ѕидовите на мочниот меур и мочните канали, а на тој начин ги спречуваат и инфекциите.

Соковите од брусница се многу популарни, но поради киселиот вкус во нив е додаден многу шеќер. Наместо тоа, пијте чај или капсули. При уринарни инфекции е многу важно да го намалите внесот на шеќерот, кој може да го поттикне размножувањето на бактериите.

Редовните лекарски прегледи, одговорниот сексуален живот, како и ограничената употреба на интимни гелови се исто така клучни за одржувањето на здравјето на уринарниот тракт.

Можете да прочитате

Судски спор околу „Hotel California“ на „Иглс“

Ќе се снимаат четири животни приказни за легендарните Битлси

Сателитот ЕРС-2 денеска паѓа на Земјата, можно е да се види и од Македонија